О! Петрунијо моја!*

*Насловот на овој прилог се однесува на познатата изрека од англиското говорно подрачје О! Мој Боже (Oh, my God!) која за време на разговорот со режисерката намерно беше променета во О! Петрунијо моја!

deDeutsch

За време на премиерата на филмот Господ постои, името ѝ е Петрунија  во Цирих, тимот на Лусифај имаше прилика да ја сретне режисерката Теона Стругар Митевска и да разговара со неа, во врска со нејзиниот начин на правење филмови и провоцирање на статус квото.

Јас и мојата колешка Ксенија, ние обете сме од Македонија. Затоа, ова интервју го доживеавме многу лично. Фактот дека имаме прилика да разговараме со една македонска, феминистичка режисерка нѐ направи обете да се чувствуваме многу горди. Зошто па горди? Затоа што не е лесно да се направи феминистички филм во Македонија. Потврда за оваа моја изјава можете да најдете кога ќе го изгледате филмот. Интересно, за време на разговорот, Митевска неколку пати повтори дека таа се идентифицира со главниот лик од филмот, Петрунија. Дека таа се чувствува како Петрунија и дека сака да стане како Петрунија.

Петрунија, како главен лик, доживува за време на дејствието, неверојатна промена на личноста. Митевска успеала да доста жив начин да го прикаже процесот на оваа лична промена. Со моќта на едноставноста, Митевска успева да ја преиспита состојбата на жената од секојдневието во Македонија, и на магичен начин, токму така да го потенцира проблемот кој е зачворен и сложен. Проблем, кој сите жени, не само во Македонија, туку на целиот Балкан, го живеат.

Јас отидов да го гледам филмот, откако го завршивме интервјуто со Митевска. Овдека морам да признаам, дека филмот отидов да го гледам, со доста голема доза на пред-знаење за тоа што ме очекува, што филм ќе видам. Мислев дека знам однапред што ќе видам затоа што „Господ има. Нејзиното име е Петрунија“ е македонски филм за една жена. Тоа е всушност еден филм за мене. Тоа на некој начин е потполна вистина. Овој филм е навистина за една жена, чија судбина во 2012 одбрав да не ја прифатам. Ја напуштив својата земја и заминав да студирам во странство, во Швајцарија. Но, наместо да видам песимистичен реализам, овој филм ми понуди неверојатен простор за надеж, за оптимизам. Филмот прикажува како еден обичен, полусвесен чин на провокација за постоечкиот патријархален систем во Македонија може да се претвори во свесен чин на феминистички активизам.

Активизмот и хероизмот на Петрунија се автентични и посебни. За време на процесот на лична промена на свеста за самата себе, паралелно, таа ствара неверојатна промена во нејзината околина и со самото тоа отвара простор за генерална промена на општеството. Тој простор за промена се отвара на навистина автентичен и тих начин, кој одушевува со својата женска моќ. Таа, Петрунија, станува свој личен водич кон своето лично ослободување. За мене тоа претставува најјаката порака од овој филм. Тихо, со многу малку зборување, Петрунија на секоја од нас ѝ го постави прашањето: која си ти всушност? И што стори себе си да се ослободиш? Прашања кои на нас чекаат, без разлика какви се условите во кои сме “приморани“ да живееме и без разлика колку се стари и за’рѓани матриците низ кои мораме да се пробиваме.

 

Тригон-Филм е уште од 1988 дистрибутер на внимателно одбрани филмови од Латинска Америка, Азија, Африка и Источна Европа. Луцифај во разговор со Мерет Рагл во врска со филмот на Теона Стругар Митевска.

Лусифај тим:
Камера и текст: Маја
Интервју и видео обработка: Ксенија
Фото: Никол

Hat dir dieser Beitrag gefallen?

0 0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Lost Password

Please enter your username or email address. You will receive a link to create a new password via email.